231 Front Street, Lahaina, HI 96761 info@givingpress.com 808.123.4567

Изложба „Аудиовизуелно наследство во Македонија, фотографии и плакати од филмови“ по повод 27 Октомври, Ден на светското аудиовизуелно наследство

27 октомври е светскиот ден на аудиовизуелното наследство востановен во чест на донесување на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21-то генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

По тој повод и благодарение на тематскиот конкурс во делот на културата на општина Центар, здружението за заштита и промоција на културното наследство Концепт за култура Скопје по проект од конкурсот и со финансиска поддршка од општина Центар подготви  изложба „Аудиовизуелно наследство во Македонија, фотографии и плакати од филмови“, со која се приклучуваме кон одбележување на денот на аудиовизуелното наследство. Со  избрани фотографии од браќата Манаки потсетуваме дека првите фотографии,  првите подвижни слики и првата камера во Македонија па и на Балканот се дела на браќата Манаки, а со  плакати на играни македонски филмови од 20 век   јавноста ќе  се запознае со дел од историјата , на македонскиот филм.

Скопско кале

Скопската тврдина Кале се наоѓа на левиот брег на реката Вардар од каде доминира над центарот на Скопје. Со археолошките истражувања на тврдината утврдени се населби од раниот енеолит, раното и средното бронзено време, преоднит период од бронзениот во железниот период, средниот век и отоманскиот период, односно со прекини се живеело од V милениум пред нашата ера до денес. Најголемиот дел од Калето повторно е оштетено од земјотресот во 1963 години, по што делумно е обновено, а повторно се реконструирани делови од бедемот во 2008-2010 година.

Камен мост

Камениот мост на реката Вардар, кој преставува симбол на градот Скопје според историските извори е изграден во време на Мехмед II Освојувачот.  Изграден е од фино обработени блокови од траветин поврзани со метални кламфи и зацврстени со олово. Масивната конструкција се потпира на 13 масивни столбови меѓусебно поврзани со полукружни лакови и 2 крајбрежни ѕида. Мостот е долг над 220 метри, а широк е 6 метри.

Мостот бил репариран во неколку наврати и тоа во 1579, 1817/18, 1897 (кога со изградбата на кејот на реката Вардар се три столбови на десната страна од реката), 1905 (кога е симната камената ограда, а е заменета со метална и се додадени пешачки стази) и неколку од 1992 година навака со што мостот го добива својот денешен изглед.

Даут Пашин Амам

Даут пашиниот амам е изграден во периодот од 1489 до 1497 година од страна на Даут паша, кој бил и везир на Румелија.

Монументалниот објектот има правоаголна форма со масивни ѕидовите со мали отвори, лачно и архитравно засводени полиња во кои се сместени прозорците и вратите. Покривот кој е зработен од оловни плочи се состои од 13 куполи со различна големина, од кои насјголемите две се на западната страна. Даут пашиниот амам има 15 простории осветлени со помош на ѕвездести отвори. Бидејќи претставувал двоен (чифте) амам, имал два засебни влеза, еден за мажи и еден за жени.

Амамот страдал во пожарот од 1689 година и во земјотресот од 1963 година.   Својата првобитна функција ја одржувал се до 1916 година, а од 1946 година служи како галерија.

Споменик на Гоце Делчев

Споменикот на Гоце Делчев кој се наоѓа во Градскиот парк е дело на вајарот Љубомир Делчев. Изработен е во 1946 година по повод враќањето на коските на Гоце Делчев во самостојна Македонија.

Споменикот е лиен во бронза, а поставен е на четвртеста основа обложена со мермерни плочи.  Македонскиот револуционер е облечен во народна носија од кукушкиот регион со пушка во левата рака.

Зграда на градската болница

“Зграда на градска болница” – Скопjе е изградена во 19933-35 година и зазема истакнато место во историjата на современата архитектура во Република Македониjа.

Во внатрешноста на големиот правоаголен дел од основата има еден внатрешен двор, исто така со правоаголна форма. Широкиот пасаж ja чини оската на обjектот што ги поврзува и хоризонталните комуникации на едно ниво и вертикалните комуникации преку симетрично поставените двокраки скалишта кон внатрешниот двор и еден лифт кој оди само до вториот кат. Пасажот почнува од главниот влез во обjектот на jугоисточната страна, минува низ внатрешниот двор и избива на спротивната северозападна страна со спореден влез, а го дели внатрешниот двор на два дела: Пацио 1 jужно од холот и Пацио 2 северно од холот. На сите четири страни околу внатрешниот двор, во приземjето и на првиот и вториот кат има ходници и простории од кои речиси сите излегуваат на фасадите, освен некои помошни простории и оние што се наогаат во североисточниот агол.  Квадратниот дел од основата е решен како посебен сегмент со посебен влез, еднократно складиште, мал внатрешен двор – Пацио 3 и тераси на североисточната и северозападната страна.

Обjектот се состои од приземjе и три ката при што третиот кат го зафака само северозападниот дел од основата, а на останатиот дел има рамна проодна тераса. Визба има само под североисточниот дел, додека под останатиот дел од обjектот има повеке т.н. технички ходници со инсталации.

Приземjето основата на обjектот е со помали димензии во однос на првиот и вториот кат бидегки на челната северозападна страна е спроведен еден урбан израз со повлечено приземjе со што се формира трем и колонада од 1 О кружни столбови. Овие столбови продолжуваат и нагоре, но со помал пречник и вградени во преградните sидови. Во приземjето и на првиот кат овие столбови се вградени во преградните sидови освен двата кај главниот влез.

Според надворешниот изглед, Зградата на Градска болница била проектирана и изведена со чисти геометриски форми и односи на масите, што произлегувале од организациjата на основните функционални единици. Првобитниот надворешен изглед во таа смисла е зачуван, но организациjата на основните функционални единици е во голема мера изменета поради адаптации на внатрешниот простор за потребите на болницата.

Покраj адаптациjата на деловите со простории и ходници, извршени се измени и во внатрешниот двор.

По земjотресот од 1963 година, веројатно заради оштетувањата на постоjните фасади, на sидните маси врз малтерот изведена е облога од ситни керамички плочки. Оваа облога е заменета во 2002 година со големи квадратни гранитни плочки поставени на челична конструкциjа.

Автор на проектот за обjектот на Окружниот уред за социjално осигурување на работниците во Скопjе (Зградата на Градската болница) е хрватскиот архитект Драги Иблер.

Според Националната класификациjа на културното наследство обjектот припата на видот споменик, група цивилни обjекти, подгрупа обjект со здравствено хигиенска функциjа, тип болница (шифра: 1.1.2.2.4).

Споменик „Ослободители на Скопје“

Споменик „Ослободители на Скопје“ чиј автор е вајарот Иван Мирковиќ е изработен во 1955 година. Споменикот е посветен на борците кои учестувале во борбите за ослободување на градот Скопје во неомври 1944 година.

Споменикот е поставен на четвртеста основа изработена од мермер на кој се наоѓа самиот споменик кој е изработен од лиена бронза.

Споменикот се наоѓа во источниот дел од дворот на зградата на Владата на Република Македонија.

Феудална кула

Кулата која е изградена кон крајот на XVII век и во почетокот на XVIII век преставува еден вид на станбена објект кој служела и како одбранбен објект. Градбата има квадратна основа со ширина и должина од 7,5 метри, висока е 14 метри со четири ката, градена е од обработен камент (бигор), тула и дрво. Долните катови имаат помал број прозорци и отвори за пушки, а на горниот кат има балкони од дрво, т.н. теферичи.

На првите два ката изградени се огништа сместени во ѕидовите кои ги затоплувале горните катови преку оџаците кои поминувале низ ѕидовите. Од долните до горните катови се пристапува преку скали се сместени во дебелите камени ѕидови.

Феудалната или Беговската кула се наоѓа во центарот на Скопје во просторот пред Домот на АРМ.

Железничка станица – Скопје

Објектот стара железниччка станица  е изграден во период од 1937 година до 1940 година според прокт на архитект Велоимир Гавриловиќ. Овој објект претставувал збир од различни архитектонски стилови , со елементи од  традиционалната архитектура, форми од  средновековната традиција но и стилски форми кои биле карактеристични за модерниот архитектонски речник.  Доминантно  место во архитектонската композиција зазама предната  фасада во која и визуелно и функционално завршува оската на движењето во насока на плоштадот и камениот мост.

Според  функционалноста и естетскиот изглед се вбројувала во врвните објекти на Балканот.  Како железничка станица се користеше до земјотресот 1963 година во која дневно од неа излегувале 24 возови и просечно пристигнувале повеќе од 1000 патници.  кога истата настрада и ја изгуби својата првобитна намена и изглед.

Во земјотресот 1963 година  објектот  е разрушен во централниот дел, со што ја губи својата првобитна намена и изглед по што се одлучува на нејзино делумно доурнување,   оставен е часовникот над главниот влез, застанат во 5.17 часот, во времето на случувањето на катастрофата, да останат како споменик на трагичниот момент на скопската историја. Зачуваниот дел е претворен во Музеј на град Скопје, и до денес претставува симбол на старото Скопје.

Спомен куќа на Мајка Тереза- Скопје  ул.„ Македонија“ бр. 9

Објектот е изграден во 2008 година и наменет е за чување на музејски фонд од предмети поврзани со животот и делото на Мајка Тереза, авторизирани документи и дипломи, фотографии, филмови од домашна и странска продукција, книги, резби во дрво , мебел од староградска соба.

Објектот е подигнат на местото каде до 1963 година се наоѓала катедралата Пресвето срце Исусово во која била крстена Гонџа Бојаџиу во 1910 година.

Проектант на Спомен куќата на Мајка Тереза е Вангел Божиновски , а градбата претставува мултифункционален простор составен од  три дела.  Подрумот на објектот е наменет за мултимедијален простор, приземјето за музејска продавница, катот за постојана поставка и работни простории, а во поткровјето се наоѓаат Меморијалната капела посветена на Блажената мајка Тереза. На фасадата се  претставени орнаменти на гулаби како симболна светиот дух според христијанската симболика и  риби кои претставувале раносхристијански знак за младиот бог. Во објектот е вграден витраж со претстава на Мајка Тереза.

Објектот се состои од По+П+1+Пк , во објектот е вграден витраж со претстава на Мајка Тереза.

Според националната класификација на културното наследство објектот припаѓа на видот споменик, група цивилни објекти, подгрупа   објекти на културата, науката и образованието, , тип  музеј  (шифра 1.1.2.8.5).